- Како да извршам пренос на старателство на гробно место?
Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на нотарски заверена изјава дека гробното место се отстапува на друго лице.
- Како да извршам пренос на старателство на гробно место од починат брачен другар?
Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на доставена венчаница.
- Како да извршам пренос на старателство на гробно место од починат родител?
Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на доставена нотарски заверена изјава за превземање на старателството.
- Што е трансформација на гробно место?
Трансформација на гробно место е менување на статусот на гробното место кое е доделено на користење на определено време во лична службеност на неопределено време.Се однесува за гробни места закупени пред 2011година
- Колку чини надомест за одржување на гробиштата (гробарина)?
Носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа горбарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата во износ од 320,00 денари во рок од една година, со можност да се плати и повеќе години однапред. Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши самиот носител на гробното место.
- Каде и кога може да се плати надоместокот за одржување на гробиштата?
Плаќањето на гробарината може да се плати онлајн ,преку жиро сметка или секој ден на градските гробишта од 7:00 до 15:00 часот.
- Како да поставам клупа на гробно место?
За поставување клупа потребно е да се достави барање. Димензијата на клупата не треба да е поголема од 120 см должина и 25 см широчина. Монтирањето мора да го изврши каменорезачка фирма.
- Како да поставам бехатон плочки?
За поставување бехатон плочки потребно е да доставите барање за кое ќе добиете писмен одговор дали е одобрено или не и со кои димензии на просторот.
- Дали е дозволено садење дрва на гробиштата?
На градските гробишта дозволено е садење на зимзелени дрва.
- Сечење дрво?
За сечење на дрво потребно е да се поднесе барање за отстранување со наведена причина од која се бара, истото да се достави до архива или испрати на маил адреса info@butel.mk . По добиена согласност од Град Скопје се пристапува кон отстранување на дрвото.
- Имам оштетување на гробното место?
За оштетување се поднесува изјава во архивата, или се испраќа на маил адреса info@butel.mk по која се постапува и врши увид на состојбата за што добивате соодветно известување за понтамошна постапка.
- Пријава на кражба?
За украдени предмети од гробното место се поднесува изјава со опис во архивата и во во најкус можен рок се пријавува во органите на МВР