Плаќањето гробарина отсега е достапно ОНЛАЈН.
+389 22 612 060

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности

Седиште: ул. Лазар Трповски 67 А, Скопје, Р. Северна Македонија
тел: + 389 2 26 12 060
факс: +398 2 26 12 060
www.butel.mk
contact@butel.mk

Тони Зајков – генерален директор

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Милан Иваноски mivanoski@butel.mk

Преземете

Годишен извештај 2023

Годишен извештај 2022

Годишен извештај 2021

Годишен извештај 2020

Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер можете да ги поднесете лично во просториите на друштвото (усно или писмено), по пошта или електронски.

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Закон за гробишта и погребални услуги
Правилник за утврдување на редот, работното време и обезбедувањето мир на гробиштата
Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје како управител на градските гробишта во Скопје.
Одлука за утврдување на висината на надоместоците за работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје, како управител на градските гробишта во Скопје
Список на лиценцирани оператори кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.
Список на каменорезачи кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.

Врз основа на член 385 и 387 од Законот за трговски друштва, Статутот на БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности Скопје, Управниот Одбор на Друштвото

О б ј а в у в а

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА СВИКУВАЊЕ СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ на БУТЕЛ а.д Скопје

Собранието на акционер ина БУТЕЛ а.д Скопје ќе се одржи на ден 30.03.2023 година (четврток) со почеток во 10 часот во седиштето на Друштвото на ул. Лазар Трповски бр.67 А Скопје, Бутел (сала за состаноци).

За работа на Собранието на акционери се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

  • Верификација на пријавени и присутни акционери
  • Избор на записничар
  • Избор на Претседавач на Сообрание
  • Усвојување на дневниот ред

2. РАБОТЕН ДЕЛ

  • Усвојување на записникот од Собранието на акционери од 14.10.2022 год
  • Разрешување на членови на Надзорен Одбор на БУТЕЛ а.д Скопје со предлог одлуки
  • Избор на членови на Надзорен Одбор на БУТЕЛ а.д Скопје со предлог одлуки

Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред.

Вклучувањето на нови точки на дневниот ред може да се врши на начин утврден со ЗТД.

Материјалите по дневниот ред ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието во деловните простории на Бутел а.д Скопје ул. Лазар Трповски бр.67А Скопје, секој работен ден од 9-10 часот.

На седницата на Собранието на акционери може да учествува секој акционер лично или да овласти свој полномошник да го застапува на Собрнието со доставување на уредно писмено полномошно заверено кај нотар.

Акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат за полномошникот Во спротивно ќе се смета дека не доставил полномошно.

Секој акционер кој има намера да присиствува на Собрание должен е да го пријави своето учество до пред почетокот на седницата кај Претседателот на Управен Одбор на Друштвото поради евидентирање

Гласањето на Соранието на акционери е јавно, во согласност со ЗТД, Статутот на Друштвото.

На Собранието може да се одлучува ако на седницата присуствуваат акционери или нив овластени претставници кои поседуваат најмалку мнозинство од вкупниот број на акции со право на глас.

Одлуките се донесуваат со мнозинство на гласови од акциите со право на глас претставени на Собрание на акционери.

Управен Одбор –
Бутел а.д Скопје

Надзорен Одбор

  • Анета Стефановска – претседател
  • Милан Ивановски -член
  • Сашко Петровски – член

Управен Одбор

  • Тони Зајков – претседател, генерален директор
  • Павлина Милошевска – член
  • Иван Севдов – член