ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности
Седиште: ул. Лазар Трповски 67 А, Скопје, Р. Северна Македонија
тел: + 389 2 26 12 060
факс: +398 2 26 12 060
www.butel.mk
contact@butel.mk
Тони Зајков – генерален директор
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Милан Иваноски mivanoski@butel.mk
Преземете
Годишен извештај 2025
Годишен извештај 2024
Годишен извештај 2023
Годишен извештај 2022
Годишен извештај 2021
Годишен извештај 2020
Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер можете да ги поднесете лично во просториите на друштвото (усно или писмено), по пошта или електронски.
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Закон за гробишта и погребални услуги
Правилник за утврдување на редот, работното време и обезбедувањето мир на гробиштата
Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје како управител на градските гробишта во Скопје.
Одлука за утврдување на висината на надоместоците за работите што ги врши БУТЕЛ ад Скопје, како управител на градските гробишта во Скопје
Список на лиценцирани оператори кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.
Список на каменорезачи кои склучиле договор со Управителот на градските гробишта во Скопје.
Врз основа на член 384 и 387 од Законот за трговските друштва, член 31 и 33 од Статутот на БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности Скопје, Управниот Одбор на Друштвото
О б ј а в у в а
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ на БУТЕЛ а.д Скопје
Собранието на акционери на БУТЕЛ а.д Скопје ќе се одржи на ден 24.06.2026 година (среда) со почеток во 10 часот во седиштето на Друштвото на ул. Лазар Трповски бр 67 А Скопје, Бутел (сала за состаноци).
За работа на Собранието на акционери се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Избор на Претседавач на Сообрание, записничар - нотар
- Верификација на пријавени и присутни акционери
- Усвојување на дневниот ред
2. РАБОТЕН ДЕЛ
- Разгледување на Записникот од Собрание на акционери од 20.10.2025 год
- Донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансискиот извештај на Бутел а.д Скопје за 2025 год
- Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Бутел а.д Скопје во деловната 2025 год со предлог одлука
- Предлог одлука за распределба на добивката на Друштвото остварена во 2025 год.
- Разгледување и усвојување на Извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за деловната 2025 год, со предлог одлука
- Разгледување на Извештајот за работата на членовите на Управниот Одбор, Генералниот Директор на Бутел а.д Скопје за 2025 год, со предлог одлука за донесување на одлуки за:
- Усвојување на Извештајот за работата на членовите на Управниот Одбор, Генералниот Директор на Бутел а.д Скопје
- Поединечно одобрување на работата на членовите на Управен Одбор, Генерален Директор на Друштвото
- Разгледување на Извештај за работата на членовите на Надзорен Одбор на Бутел а.д Скопје за 2025 год, со предлог одлука за донесување на одлуки за:
- Усвојување на Извештајот за работата на членовите на Надзорен Одбор на Друштвото за 2025 год.
- Поединечно одобрување на работата на членовите на Надзорен Одбор на Друштвото
- Предлог Одлука за исплата на награда за работна успешност за 2025 год на членовите на Управен и Надзорен Одбор на Бутел а.д Скопје
- Донесување на Одлука за назначување на овластено Друштво за ревизија за 2026 год на Бутел а.д Скопје
Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневниот ред. Вклучувањето на нови точки на дневниот ред може да се врши на начин утврден со Законот за трговските друштва, Статут на Друштвото.
Материјалите по дневниот ред ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собрание на акционери во деловните простории на Бутел а.д Скопје ул. Лазар Трповски бр 67 А Скопје, секој работен ден од 8-9 часот.
На седницата на Собранието на акционери може да учествува секој акционер лично или да овласти свој полномошник да го застапува на Собранието со доставување на уредно писмено полномошно заверено кај нотар. Акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат за полномошникот во спротивно ќе се смета дека не доставил полномошно.
Гласањето по точките од дневниот ред на Собранието се врши јавно, во согласност со ЗТД, Статутот на Друштвото.
Управен Одбор
Бутел а.д Скопје
Управен Одбор –
Бутел а.д Скопје
Надзорен Одбор
- Анета Стефановска – претседател
- Милан Ивановски -член
- Сашко Петровски – член
Управен Одбор
- Тони Зајков – претседател, генерален директор
- Павлина Милошевска – член
- Иван Севдов – член