Претпријатието е формирано од страна на Собрание на град Скопје во 1952 година како “Управа за погреб и гробишта“. 25 години подоцна се преименува во “Комунална работна организација“. Во 1991 година, според позитивните законски прописи се трансформира во БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности – Скопје. Од тогаш се остварува динамичен развој со европски стандарди за квалитетно извршување на поставените цели и задачи.
Со Бутел АД Скопје управува:
- Надзорен Одбор
- Надзорниот одбор е задолжен за контрола на материјално-финансиското работење
- Се состои од три члена назначени од Собрание на акционери
- Управен Одбор
- Управниот одбор е орган на управување
- Се состои од три члена назначени од Надзорниот Одбор