Услуги

 
wave
 
 
 
 
 
 
 

Гробно место

 
 

Изјава за отстапување на правото на употреба

 
Носителот на гробното место, правото на употреба на гробното место може да го отстапи на трети лица врз основа на изјава заверена на нотар.

Јас (име, презиме, адреса, матичен број и број на лична карта) изјавувам дека како носител на гробното место во (Локација, Вера, Парцела, Алеа, Гроб), го отстапувам правото на употреба на гробното место на лицето (име, презиме, адреса, матичен број и број на лична карта) Изјавата ја давам под морална, кривична и материјална одговорност.
 

Изјава за превземање на правото на употреба од родител

 
После смртта на носителот на гробното место, правото на употреба на гробно место го стекнува неговиот брачен другар (венчаница на увид), односно неговите наследници врз основа на договор склучен помеѓу управителот на гробиштата со еден од законските наследници според наследните редови.

Јас (име, презиме, адреса, матичен број и број на лична карта) како (син/ќерка) го превземам правото на употреба на гробното место (Локација, Вера, Парцела, Алеа, Гроб) од мојот починат родител (име, презиме, адреса) Изјавата ја давам под морална, кривична и материјална одговорност.
 

Изјава за превземање на правот за употреба на гробно место

 
Оваа изјава ја дава лице кое е далечен роднина и сака да продолжи со грижата за гробното место односно да биде носител на правото за употреба. До колку во меѓу време се јави наседник, гробното место ќе биде префрлено на наследникот, без право на надоместок на трошоците кои ги имал давателот на оваа изјава.

Јас (име, презиме, адреса, матичен број и број на лична карта) изјавувам дека (име на носителот) носителот на гробното место во (Локација, Вера, Парцела, Алеа, Гроб) е починат и нема член на фамилија кој би го превземал правото за употреба. Поради тоа правото на употреба на наведеното гробно место го превземам јас како негов/а (сродство) Изјавата ја давам под морална, кривична и материјална одговорност.