Чести Прашања

  1. Како да купам гробно место?
    • Гробно место не може да се купи, се доделува само при потреба од погребување.
  2. Како да извршам пренос на старателство на гробно место?
    • Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на нотарски заверена изјава дека гробното место се отстапува на друго лице.
  3. Како да извршам пренос на старателство на гробно место од починат брачен другар?
    • Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на доставена венчаница.
  4. Како да извршам пренос на старателство на гробно место од починат родител?
    • Пренос на старателството на гробно место се врши врз основа на доставена нотарски заверена изјава за превземање на старателството.
  5. Што е трансформација на гробно место?
    • Трансформација на гробно место е менување на статусот на гробното место кое е доделено на користење на определено време во лична службеност на неопределено време.
  6. Колку чини надомест за одржување на гробиштата (гробарина)?
    • Носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата во износ од 320,00 денари за рок од една година, со можност да се платат до 5 години однапред. Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.
  7. Каде и кога може да се плати надоместокот за одржување на гробиштата?
    • Плаќањето на гробарината може да се плати секој ден на градските гробишта од 7:00 до 15:00 часот или преку жиро сметка.
  8. Како да поставам клупа на гробно место?
    • За поставување клупа потребно е да се достави барање. Димензијата на клупата не треба да е поголема од 120 см должина и 25 см широчина. Монтирањето мора да го изврши каменорезачка фирма.
  9. Како да поставам бехатон плочки?
    • За поставување бехатон плочки потребно е да доставите барање за кое ќе добиете писмен одговор дали е одобрено или не и со кои димензии на просторот
  10. Дали е дозволено садење дрва на гробиштата?
    • На градските гробишта дозволено е садење на зимзелени дрва.