Гробарина

Гробарина е надомест за одржување на гробиштата. Одржување на гробишта е тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата.

Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.

Носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата. Цената на гробарината годишно изнесува 320,00 денари, со можност да се плати однапред за наредните 5 години. 

Плаќањето може да се изврши на сите градски гробишта и наплатниот пункт во центарот на градот или на жиро сметка.

  • Комерцијална банка 300000000055811
  • Стопанска банка 200001634608490
  • ХАЛК банка 270040617720135