"/> Акционери – БУТЕЛ АД СКОПЈЕ

Акционери

Врз  основа  на  член 384 и 387 од Законот  за  трговски  друштва ,Статутот  на  БУТЕЛ а.д  Скопје, Управниот  Одбор   на   Друштвото

О б ј а в у в а

Ј А В Е Н    П О В И К

ЗА   СВИКУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ

на    БУТЕЛ  а.д   Скопје

Собранието на акционери на БУТЕЛ  а.д  Скопје ќе се одржи на ден 25.06.2020  година (четврток)  со почеток во  10 часот  во  седиштето  на  Друштвото на ул. Лазар  Трповски  бр 67  А  Скопје,  Бутел   (сала за состаноци)

За  работа  на Собранието на акционери  се  предлага  следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1.Верификација  на пријавени и присутни акционери

2.Избор на записничар

3.Избор на Претседавач на  Сообрание

4. Усвојување на дневниот ред

2.РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од Собранието на акционери од 03.01.2020 год
  2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Бутел а.д Скопје за деловната  2019  год, со предлог одлука
  3.  Разгледување на финансискиот  извештај  и  годишната сметка на Друштвото  за 2019  год со предлог одлука

4. Предлог одлука за распределба на добивката на Друштвото остварена во 2019 год,со предлог одлука

  1. Разгледување и усвојување  на  Извештајот за  извршената  ревизија на финансиските  извештаи за 2019 год ,со предлог одлука   
  2. Разгледување на Извештајот  за  работењето на членовите   на  Управниот   Одбор  Генералниот    Директор   на  Бутел а.д   Скопје  за 2019  ,донесување на

–   Одлука  за  усвојување на  Извештајот  и  одобрување  на   работата   на  членовите    на  Управен   Одбор ,   Генерален    Директор  на  Друштвото

  1. Разгледување на Извештај  за  работењeто  на  членовите  на  Надзорен   Одбор  на  Друштвото  за  2019 год, донесување на

    –  Одлука за   усвојување  на   Извештајот  и  одобрување  на  работата  на  членовите  на

       Надзорен Одбор    за  2020  год.

8 Предлог Одлука  за  исплата на  награда за работна успешност  за 2019  год   на членовите на  Управен  и  Надзорен Одбор   на   Бутел а.д  Скопје

9.Назначување  на  овластен  ревизор за  2020  год  на  Друштвото

Собранието одлучува само за прашања   кои   се  уредно  ставени на  дневен  ред.Вклучувањето  на  нови  точки  на  дневниот  ред  може  да  се  врши на  начин утврден со  Законот  за   трговските   друштва.

Матријалите  по  дневниот  ред   ќе  им  бидат  достапни  на  акционерите  од  денот  на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието  во  деловните  простории на   Бутел а.д  Скопје  ул. Лазар  Трповски  бр 57  А  Скопје ,секој  работен  ден  од  8-9 часот.

На седницата на Собранието на акционери може да  учествува  секој акционер лично или  да овласти свој полномошник да го застапува на Собрнието  со доставување на   уредно  писмено полномошно заверено кај нотар .Акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат за полномошникот  Во спротивно ќе се смета дека не доставил полномошно

Секој акционер кој има намера да присиствува на Собрание должен е да го пријави своето учество  до пред почетокот на седницата  кај Преседателот на Управен Одбор на Друштвото поради евидентирање

Гласањето на Соранието на акционери е јавно,во согласност со ЗТД,Статутот на Друштвото

На Собранието може да се одлучува ако на седницата присуствуваат акционери или нивни овластени претставници кои поседуваат најмалку мнозинство од вкупниот број на акции со право на глас

                                                                                                                             Управен Одбор

                                                                                                                                         Бутел а.д  Скопје